Велешките села без вода за пиење

Жена носи чиста вода за пиење

Водата од градскиот водовод во Велес, бактериолошки и хемиски е исправна, но не е таква состојбата со околните велешки селски населби. Контролата на исправноста на водата за пиење во велешките села покажува од 40 до 80 осто неисправност.
Бактериолошки и хемиски исправна е водата од градскиот водовод во Велес. Редовните контроли на Заводот за здравствена заштита покажуваат дека исправна е и водата за пиење од водоводната мрежа и во населбата Превалец и селото Оризари. Но не е таква сосотојбата со околните велешки селски населби. Жителите од селото Чолошево иако живеат на само четири колометри од Велес немаа здрава вода за пиење. Водоводна мрежа во селото одамна има изградено но денес таа е неисправна, жителите самоиницијативно градат хидрофори, а оние кои сеуште во своите домови немаат изградено хидрофори со вода за пиење се снабдуваат од селските бунари.
Немаме вода и лете и зиме е истиот проблем, тука децата одат пијат од истата вода од која се напојуваат козите, овците и други домашни животни, а водава не ни е исправна за пиење


„Немаме вода и лете и зиме е истиот проблем, тука децата одат пијат од истата вода од која се напојуваат козите, овците и други домашни животни, а водава не ни е исправна за пиење“

„За пиење носиме и од тука, но си извадивме и ходрофор, селска чешма имаме, но нема доволно вода и затоа инвестиравме во хидрофор во дворот“.

Според микробиологот од Заводот, др.Вера Ристова вели дека ваквата состојба е поради нехлорирањето на извориштата.

„Процентот на бактериолошката неисправност во овој период е поголема од колку за разлика во зимскиот период кога нема движење на луѓе и стока, токму поради ова ризикот од употреба на водата е голем“.

Жителите од Чолошево се обидуваат да изнајдат решение. Велат дека преку Месната заедница веќе за проблемот разговарале со
Процентот на бактериолошката неисправност во овој период е поголема од колку за разлика во зимскиот период
надлежните од Општина Велес. Дадени се неколку предлози вели претседателот на Месната заедница Јове Танев, сега го чекаале одговорот од локалните власти.

„Другите Месни заедници си дадоа свои изјави, но ние како МЗ Чолошево одлучивме да не го предаваме водоводот кој што го имаме изградено од сопствени средства, тој водовод да си остане, но да се донесе вода од Хидросистемот Лисиче за да има покривање на целата МЗ“

Додека жителите на селото Чолошево очекуваат дека наскоро во селскиот водовод ќе протече здрава вода за пиење од Заводот за здравствена застита препорачуваат водата од селските чешми и бунари пред употреба да се преврива како превентива против можната појава на цревни болести поради конзумирање на неисправна вода за пиење.