Индустријата го уништи занаетчиството. Во некогаш познатото Опинчарско сокаче во центарот на Куманово имало стотина дуќанџии кои се занимавале со најразновидни занаети, но сега се останати само малкумина занаетчии.
Кумановското занаетчиство одамна замрело. Од некогашните познати мајстори на занаетите малкумина останале и тоа навлезени во длабока старост. Нивните занаети единствено постојат во музејските архиви и во документарните филмови,оти генерациите кои во 21-от век живеат во светот на високо развиената наука,техника и технологија не ни можат да замислат како било во минатото столетие. Во некогаш познатото Опинчарско сокаче во центарот на Куманово имало стотина дуќанџии кои се занимавале со најразновидни занаети. По сеќавањата на тогашните мајстори, единаесет еден до друг биле опинчарски дуќани. Последниот жив опинчар е Трајко Стоилковски на прагот на деветата деценија. За среќа сеуште витален,а опинци плете како што самиот вели за сувенири. За времето од неговата младост и за опинчарскиот занает Трајко се сеќава:
„Работа имаше колку сакаш. Дуќанот ми беше во Опинчарско сокаче. Единаесет дуќани еден до друг. Во 1928 година во Куманово немаше улови за изучување за плетење опинци. Но мојот мајстор Јован Николиќ од Србија донесе работник и почна да плете опинци.“
Од овој занает во тоа време едно занаетсчиско семејство можело нормално да живее.Така Трајко изградил куќа, со сопругата ја прошетале целата тогашна Југославија и соседните земји, но ги школувал и ќерките. Трајко раскажува дека опинците биле плетени на различни плетови. Така шарени ги носеле луѓето кои живееле во градот. Оние од село првин носеле опинци од нештавена кожа,а подоцна и тие се „модернизирале“. Развојот на индустријата полека го заземал местото на занаетите. Така и Трајко, како и многумина негови колеги:
„До 1971 година работев во дуќан. По 15 години работа во ЧИК отидов во пензија.“
Во денешното време се чини и нормално е младите да не се заинтересирани за занаетите. Понекогаш некој од последниот кумановски опинчар ќе побара помош да поднаучи како се плетат опинци, кои како куриозитет ќе им ги продаваат на странците.
Работа имаше колку сакаш. Дуќанот ми беше во Опинчарско сокаче. Единаесет дуќани еден до друг