Околу 1000 луѓе, денеска, се собраа во Анкара да протестираат поради забраната за пушење во баровите, кафетериите и рестораните. Меѓу демонстрантите беа и сопственици и директори на угостителски објекти кои тврдат дека забраната им го загрозува бизнисот. Тие бараат владата да дозволи да отворат одделни простории за пушачи. Владата тврди дека нема да попушти.