Научниците повикаа на реформа на управувањето со водите во Азија со цел да се избегнат проблемите поради порастот на населението на тој Континент. Според истражувањата, во Азија до 2050 година за двапати ќе се зголеми побарувачката на храна и на вода. Ова беше соопштено во почетокот на еднонеделниот собир за водите во светот што се одржува во Стокхолм, а на кој учествуваат две ипол илјади научници и политичари.