Минатиот викенд, во Античкиот театар во Охрид, се одржа осмото издание на фестивалот БАЛКАНСКИ МУЗИЧКИ ПЛОШТАД а свој настап во рамките на оф-програмата на Охридско лето 2009 имаше и македонскиот гитарист Владимир Василевски Четкар со својот интернационален квартет.
По едногодишна пауза, Античкиот театар во Охрид беше сцената на која се одржа уште едно издание на фестивалот БАЛКАНСКИ МУЗИЧКИ ПЛОШТАД, манифестацијата чиј изворен концепт не е само промоција на современата музика од регионов која почива на традицијата, туку и потреба за надминување на предрасудите на народите кои живеат во овој дел од Европа. Од таму, иако овој настан од поширока балканска акција генерално се сведе на неколкуте концерти кои во две вечери се одржуваат во Охрид, сепак го заслужува вниманието како случување кое успева да анимира поширок круг публика и да ја претстави Македонија како држава која ја преферира културната комуникација со соседите.
Годинешново издание, пак, од уметничка страна помина во знакот на легендарната македонска певица Вања Лазарова. Таа на својата 80-годишна возраст, со глас кој нималку не му робува на бремето на годините и избор на песни со кои се прославила на интернационалната сцена, јасно стави на знаење зошто е една и единствена. Феномен во светски рамки. Дури во случајов иако спојот со гитаристот Дејан Ацевски, член на составот НАВ со кој Лазарова го сними албумот Генофонија, не беше најсреќното решение, та дури и дуетот со поп пејачката Елена Ристевска нималку потребен од ниту еден аспект, останува уверувањето дека таа е нашата национална гордост и пејачката на чија умешност во изведбата треба да се школуваат сите идни генерации кои искрено ќе се напојуваат од силината на македонскиот музички јазик .
На фестивалот особено бележит настап имаа и интернационално познатите ДРИМИН ИСТАНБУЛ кои ја претставија својата синтеза на традиционална турска со модерна електронска музика, а со бурни аплаузи беа поздравени и хрватскиот состав АФИОН во чиј концепт на обработка на балканскиот фолклор доминира кавалот на Александар Јовевски од нашата МОНИСТРА и Бугарите ОМ во чија музика се мешаат балканската со индиската музика, џезот и амбиентот, но кои генерално нудат многупати чуена и застарена звучна слика. Од друга страна, со два албума зад себе и со огромна желба да се покаже во вистинско светло пред своите во родниот Охрид, џез гитаристот Владимир Четкар придружуван од Хју Вајт на клавијатури, Бено Сатлер на тапани и Џонатан Харви на бас, одржа концерт кој му прилега на млад и пробивен инструменталист кој стриктно ја следи зацртаната патека. Со сопствени композиции кои се движат во водите на вокалниот џез, фанкот и соулот, тој успеа да го победи стравот од најстрогата публика – домашната и конечно да појасни зошто може да се искачи на сцените на познатите клубови како оној на Блу ноут и од каде некои од песните од неговиот албум We Never End се најдоа на специјализираните топ листи на неколку странски радио станици. Куриозитет на концертот беше и одличната изведба на неговата нова композиција Паку-фанк која тој му ја посвети на својот сограѓанин археологот Паско Кузман.