Германската полиција во рација против кинески илегалци

Германската полиција изврши рација во околу 180 кинески ресторани во земјата во потрага по непријавени работници, луѓе кои нелегално работат во Германија или пак жртви на трговија со работна сила. Германските власти не соопштуваат дали откриле такви луѓе. Истражните органи се сомневаат дека трговците со луѓе, нелегално внеле повеќе од 1000 Кинези во Германија, за да работат како готвачи во кинеските ресторани. Тие се сомневаат дека луѓето се експлоатираат.