Во инцидентите меѓу навивачите на фудбалскиот клуб Вардар и жителите на скопската населба Нерези се повредени неколку луѓе а искршени се и неколку домови и автомобили. Мостот Обединети Нации, неколку часови личеше на бојно поле. Политика стои зад немирите кои го одбележаа вчерашното попладне, велат дел од политичарите кои се обидоа да ги смират страстите на инволвираните групи.
Жителите на скопската населба Нерези додоцна синоќа останаа пред мостот Обединети Нации. Вознемирени од неколкуте инциденти не сакаа да си одат дома. Бараа некој да им објасни зошто попладнето беа нападнати во своите домови. Билансот од инцидентите се неколкумина повредени, каменувани домови, искршени автомобили.Цело попладне булеварот Партизански одреди пред мостот Обединети нации личеше на бојно поле. Првите инциденти се случија околу 15 часот.. Според жителите на Нерези, тие биле нападнати од навивачите на фудбалскиот клуб „Вардар„познати како –Комити. Навивачите оделе на стадионот во Ѓорче Петров, за да го следат натпреварот меѓу Вардар и Македонија ЃП,.
,,Внуците мои се во кола, и внуките тие сега се плашат, не можат вечерва да седат тука, морам да ги иселам. Толку се трауматизирани, над 300 души биле."
,,Овде има тројца четворица однесени во болница удрени луѓе, дома ги тепале."
,,Дома влегуваа, со огромни камења, со стапови со се, еве децата се истрауматизирани, ова не се случило ни 2001 година човече!"
велат жителите на Нерези
Немирите продолжија и по натпреварот во кој Вардар изгуби со 5 гола разлика. По натпреварот револтираните граѓани ги дочекаа „Комитите“ и сакаа да се пресметаат со нив. На местото на настанот интервенираше градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски и пратеникот на ДУИ Сафет Незири за да не дојде до поголема штета.
,,Инцидентот ни е увезен. Тоа беа луѓе кои се надвор од општината Карпош и предизвикаа инцидент за којшто не ни е драго ниту на еден жител на општина Карпош. Сметам дека полицијата направи пропуст, не интервенираше на време и она присуство на полициските сили не интервенираа како што треба."
вели Јакимовски.
Пред Обединети Нации, подоцна пристигна и лидерот на НД, Имер Селмани. И тој во нередите гледа политичка заднина.
,,Сето она што денеска се случило, јас би сакал да не е меѓунационален инцидент. Меѓутоа, ако не бидат откриени сторителите, изведени пред правдата, се разбира дека овие граѓани имаат право да се посомневаат дека можеби зад нив стои некој друг којшто им посочил баш токму тука да ги нападнат овие граѓани."
Од МВР соопштија дека се преземаат мерки за пронаоѓање на предизвикувачите на инцидентите. Тие велат дека досега во врска со овој случај во подрачната полициска станица се извршени разговори со десетина лица. Булеварот Партизански одреди, на неколку пати беше затворан а потоа повторно пуштан за сообраќај. Сега тој е прооден .
Инцидентот ни е увезен. Тоа беа луѓе кои се надвор од општината Карпош и предизвикаа инцидент за којшто не ни е драго ниту на еден жител на општина Карпош. Сметам дека полицијата направи пропуст, не интервенираше на време и она присуство на полициските сили не интервенираа како што треба
,,Внуците мои се во кола, и внуките тие сега се плашат, не можат вечерва да седат тука, морам да ги иселам. Толку се трауматизирани, над 300 души биле."
,,Овде има тројца четворица однесени во болница удрени луѓе, дома ги тепале."
,,Дома влегуваа, со огромни камења, со стапови со се, еве децата се истрауматизирани, ова не се случило ни 2001 година човече!"
велат жителите на Нерези
Немирите продолжија и по натпреварот во кој Вардар изгуби со 5 гола разлика. По натпреварот револтираните граѓани ги дочекаа „Комитите“ и сакаа да се пресметаат со нив. На местото на настанот интервенираше градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски и пратеникот на ДУИ Сафет Незири за да не дојде до поголема штета.
,,Инцидентот ни е увезен. Тоа беа луѓе кои се надвор од општината Карпош и предизвикаа инцидент за којшто не ни е драго ниту на еден жител на општина Карпош. Сметам дека полицијата направи пропуст, не интервенираше на време и она присуство на полициските сили не интервенираа како што треба."
вели Јакимовски.
Сето она што денеска се случило, јас би сакал да не е меѓунационален инцидент. Меѓутоа, ако не бидат откриени сторителите, изведени пред правдата, се разбира дека овие граѓани имаат право да се посомневаат дека можеби зад нив стои некој друг којшто им посочил баш токму тука да ги нападнат овие граѓани.