Земјоделците од крушевското село Бучин стравуваат како ќе ја преживеат зимата. Невремето ги уништи земјоделските насади, а единствена надеж им остатува оштетата што може да им ја исплати државата
Милојко Шункоски од крушевското село Бучин е долгодишен земјоделец и егзистенцијата за своето семејство ја обезбедува само од производство на тутун, кромид и пипер. Но, 15-те декари со насади ги уништи градот со големина на орев во последното невреме што го зафати атарот на селото. Се, остана по нивите, штетите се сто отсто се жали и не може да ги скрие солзите додека си ја кажува својата мака Шункоски, кој е особено загрижен за школувањето на децата, зашто вели школската година е на прагот, а пари немаат ниту денар. Сите надежи им бил во посевите.
,,Некаде 15-ет декари тоа е кромид, тутун и пипер, а шест члена фамилија што нема од ништо друго, никакво, ни плата, ни пензија, двајца стари по 70 години"
Вакво невреме не паметат жителите на Бучин.
,,Тоа не беше невреме, тоа беше некој потоп, град врнеше, големина, имаше голем ветер и голем дожд, ова е голема катастрофа, ова досега најстарите жители на Бучин не го паметат."
Вели Јане Целкоски, еден од жителите на Бучин кој исто така претрпел огромни штети во невремето. И Борис Шункоски не знае вели како ќе се снаоѓа и како ќе ја преживее зимата, после ова невреме.
,,Штетите се огромни, непроценливи и ненадокнадиви, пиперката веќе стасана беше за пазар, место да однесеме на пазар, да покриеме некои трошоци, ние сега не направивме ништо, ништо, готово,сега да се земе плугот и да се преора, буквално немаме пиперка за јадење, не можеме да се прехраниме, а не да ги покриеме трошоците."
Земјоделците од ова село се соочуваат со втора несреќа годинава. Илјадници тони квалитетен и надалеку познат бучински кромид поради необезбеден пласман годинава заврши во депониите, по реките, крај патиштата, а тие останаа без пари. Државата велат и тогаш не ги обештети. Останаа без пари и без можност да го осигураат ова производство. И тамаан велат се надеваа дека ќе земат некој денар колку да преживеат ги снајде нова несреќа, која не можат да ја надминат без финансиска помош од држвата. Затоа бараат и очекуваат итна исплата на отштета.
,,Обештетувањето на земјоделците, зависи од проценката на елаборатот од страна на комисијата, а законски си е регулирана таа материја, но имајќи предвид колкави проблеми, односно колкав е процентот на тие оштетувања, врз основа на првичните согледувања, се надевам дека исходот би бил позитивен."
Истакна заменик министерот за земјоделство Перица Ивановски при посетата на земјоделците. За жителите пак надежите на заменик министерот се единствена шанса да продолжат да живеат и во услови на енормна сиромаштија да вложуваат напори и натаму да ја обезбедуваат егзистенцијата од земјоделство.
Тоа не беше невреме, тоа беше некој потоп, град врнеше, големина, имаше голем ветер и голем дожд, ова е голема катастрофа, ова досега најстарите жители на Бучин не го паметат
,,Некаде 15-ет декари тоа е кромид, тутун и пипер, а шест члена фамилија што нема од ништо друго, никакво, ни плата, ни пензија, двајца стари по 70 години"
Вакво невреме не паметат жителите на Бучин.
,,Тоа не беше невреме, тоа беше некој потоп, град врнеше, големина, имаше голем ветер и голем дожд, ова е голема катастрофа, ова досега најстарите жители на Бучин не го паметат."
Вели Јане Целкоски, еден од жителите на Бучин кој исто така претрпел огромни штети во невремето. И Борис Шункоски не знае вели како ќе се снаоѓа и како ќе ја преживее зимата, после ова невреме.
,,Штетите се огромни, непроценливи и ненадокнадиви, пиперката веќе стасана беше за пазар, место да однесеме на пазар, да покриеме некои трошоци, ние сега не направивме ништо, ништо, готово,сега да се земе плугот и да се преора, буквално немаме пиперка за јадење, не можеме да се прехраниме, а не да ги покриеме трошоците."
Штетите се огромни, непроценливи и ненадокнадиви, пиперката веќе стасана беше за пазар, место да однесеме на пазар, да покриеме некои трошоци, ние сега не направивме ништо, ништо, готово,сега да се земе плугот и да се преора, буквално немаме пиперка за јадење, не можеме да се прехраниме, а не да ги покриеме трошоците