Пјонгјанг се заканува со нуклеарна одмазда

Северна Кореја предупредува дека ќе има нуклеарна одмазда против нуклеарните „закани“ од САД и Јужна Кореја. Предупредувањето доаѓа во пресрет на воените вежби на овие две држави. Портпаролот на севернокорејската армија обвинува дека вежбите, кои почнуваат утре, се „маневри за нуклеарна војна“.
Сеул и Вашингтон негираат какви било планови за напад на Северна Кореја и посочуваат дека вежбите имаат одбранбен карактер.