Јужна Кореја сака да разговара за нуклеарките

Претседателот на Јужна Кореја Ли Мианг Бак повика на разговори со Северна Кореја, со цел Корејскиот Полуостров да се ослободи од нуклеарното оружје, но и да се намали бројот на конвенционални оружја. Тој рече дека нуклеарното оружје не ја гарантира безбедноста на Северна Кореја.