Во август пред десет години Русија беше држава која се распаѓа, со претседател кој умира и со економија која како да ја нема. Ретко кој во земјата и во светот забележа кога претседателот Борис Елцин го избра безбојниот и непознат поранешен разузнувач за петти премиер во 18 месеци.
Претседателот Елцин не само што тогаш го избра 46 годишниот поранешен шеф на Федералната безбедносна служба Владимир Путин за иден премиер. Тој отиде еден чекор понапред кога на јавноста и соопшти дека би сакал да го види и како негов наследник на функцијата претседател на Русија. Тоа беше силна порака. Премиерот во заминување Сергеј Степанишин тогаш на новинарите им рече:
,,Ова утро го посетив претседателот и тој го потпиша декретот за мојата оставка. Ми заблагодари и ме отпушти. Како вршител на должноста го наименува Владимир Путин кому му пожелувам среќа.,,
Десет години подоцна, Путин пак е премиер, но откако претходно на два мандата беше шеф на државата.
Путин кога се појави изгледаше премногу срамежлив и на новинарите им се обраќаше со спуштен поглед. Ниту трага од толку потребниот за Русија лидер од доверба и со цврста рака. Особено во една таква ситуација во која тогаш се наоѓаше Русија: голем странски долг, чеченски бунтовници кои влегуваат и во Дагестан, серија бомбашки напади во станбените квартови на Москва во кои загинаа над 300 луѓе.
,,Постоеше силна потреба од нов почеток и мислам дека Путин го искористи тоа. Беше трезен, работлив и видливо одговорен.,,
Вели аналитичарот Едвард Лукас кој многу години беше шеф на дописништвото на весникот Економист во Москва. Според некои, тогаш Русија беше на работ на распаѓање и парализирана од олигарсите како Борис Березовски и Владимир Гусински. Справувањето со нив, но и допирањето на економското дно, како што додаваат, му одеше на рака на Путин.
,,Делумно следејќи го своето сфаќање за општото добро формирано во Ка Ге Бе, а делумно поради растечките цени на нафтата, тој почна да гради изолиран модел за да се справи со предизвиците.,,
Вели политичкиот аналитичар Дмитри Орешкин, додавајќи дека станува збор за голема концентрација на власта, со контрола врз партиите и медиумите, но и за претставата дека Русија излегува од економското дно. Тоа му донесе голема популарност која обично се мери меѓу 60 и 70 насто. Едно од главните објаснувања за тоа, според Борис Дубин од незвисниот Центар за истражувања Лавада, е тоа што русите не гледаат алтернатива за Путин.
,,Во голем дел власта на Путин, неговото признавање и волјата да се поддржи извираат од идејата дека не постои друг кој би можело да го замени. Пропагандата на Кремљ и медиумите го поттикнуваат тоа.,,

Власта на Путин,во голем дел извира од идејата дека не постои друг кој би можело да го замени. Пропагандата на Кремљ и медиумите го поттикнуваат тоа.
..