Поетска ноќ во Велестово

Охрид

Во Охридското село Велестово започнува манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“ што ќе трае два дена. Централна фигура на Поетската ноќ е поетот лауреат Братислав Ташковски, истакнато име во современата Македонска поезија.
Во Охридското село Велестово, високо над Охридското Езеро со магичен поглед на градот и целото крајбрежје, две ноќи под звездено небо по 21-ви пат ќе се слави поезијата. Поетската ноќ во Велестово, што од лани трае два дена, првата вечер на 14-ти август ќе биде посветена на поетот Братислав Ташковски, за чиј портрет ќе беседи писателот Бранко Цветкоски, а ликовна изложба ќе има сликарот од Охрид Јован Манасиески. За сабота вечерта организаторите на повеќе локации во селото најавуваат интересен мултимедијален проект-перформанс во адаптација на Срѓан Јанаќиевиќ, посветен на Мирче Донески, кој за време на неговиот живот се занимаваше со драма,филм и музика. Во новиот Дом на културата во училиштето ќе биде проектиран филм, концерт ќе има на сред село кај чешмата , а драмски изведби во новиот сценски простор во домот на Мирче Донески во Велестово. Централна фигура на Поетската ноќ е поетот
Карактеристично и значајно за селаните, за жителите на селото Велестово е што тие на почетоците на манифестацијата се соочија со еден за нив невообичаен вид на уметност, поезија и тогаш даваат некој отпор, но со годините тоа си легна и сега настанот со нетрпение го чекаат секоја година
лауреат Братислав Ташковски, истакнато име во современата Македонска поезија.

„Карактеристично за неговата поезија е што се свртува кон татковината и кон мистиката, но во неговите последни книги преовладуваат и библиски мотиви. Тој е добитник на повеќе награди, автор е на десеттина книги поезија и еден роман, така што се работи за едно од попознатите Македонски поетски имиња.“

Вели Славе Ѓорѓо Димоски, претседател и иницијатор на оваа манифестација, поет од Велестово. Според него, мештаните и гостите со оваа единствена и специфична прослава на поезијата движејќи се под отворено небо, во црква и затворен простор, излегуваат од академски рамки, во непосреден спонтан допир на испеаните стихови, уметноста, природата, луѓето и живиот збор.

„Карактеристично и значајно за селаните, за жителите на селото Велестово е што тие на почетоците на манифестацијата се соочија со еден за нив невообичаен вид на уметност, поезија и тогаш даваат некој отпор, но со годините тоа си легна и сега настанот со нетрпение го чекаат секоја година. Значајна е за гостите, кои на полноќ се качуваат на високо место, надвор под звездено небо, слушаат поезија, гледаат изложба, во последните години е привлечна и за странците и туристите, а секогаш соработуваме со Меѓународниот семинар за Македонски јазик,литература и култура, чии учесници ни се постојани гости.“

Објаснува поетот Димоски. Поетската ноќ во Охридско Велестово, во изминатите две децении прерасна во антологија на Македонската поезија и сликарство, низ која се претставени најзначајните поетски имиња како Петре М. Андреески, Гане Тодороски, Матеа Матевски,Анте Попоски и Јован Котески, и сликарите скулптори како Боро Митриќески, Коле Манев, Глигор Чемерски,Сергеј Андреески, како и уметници од странство.