Европската унија ја критикува вчерашната посета на рускиот премиер Владимир Путин на грузиската сепаратистичка област Абхазија. ЕУ вели дека Путин требало да добие дозвола од Грузија, пред да отпатува во Абхазија. Во изјавата од ЕУ се вели дека Унијата смета дека посетата не е во согласност со принципите на територијалниот интегритет, ниту пак ги помага меѓународните напори за стабилизација на регионот.
Русија ги призна Јужна Осетија и Абхазија, по ланската краткотрајна војна со Грузија.
Русија ги призна Јужна Осетија и Абхазија, по ланската краткотрајна војна со Грузија.