Најдени телата на затрупаните рудари во Словачка

Спасувачките екипи ги најдоа телата на сите 20 рудари кои беа затрупани при експлозија во рудник за јаглен во Словачка, соопштил претставник на рудникот. Телата на загинатите биле во таква сосотојба, што мора првин да се направи ДНК анализа за да можат да се идентификуваат, јавуваат словачките медиуми. Ова е најголемата рударска несреќа во историјата на Словачка. Од управата на рудникот не можат да кажат што навистина се случило и кој е виновникот за несреќата, а рударите го обвинуват директорот затоа што не мислел за безбедноста на работниците. Во Словачка е прогласен ден на жалост.