Најдобриот македонски маратонец Томи Стефановски ги заврши подготовките и започнува со реализицијата на својот долгогодишен сон – да го преплива каналот Ла Манш.
Најдобриот македонски пливачки маратонец во поново време - Томи Стефановски е пред најголемиот предизвик во својата кариера. Тој деновиве треба да го преплива каналот Ла Манш, подвиг кој го планира од почетокот на 21 - виот век, а за кој се подготвува последниве две години. Тие подготовки завршија, а Стефановски немирните води од англискиот Довер до француското Кале ќе се обиде да ги совлада од 13 - ти до18 - ти август. Стартот на големиот потфат, кој треба да биде круна на успешната кариера, зависи од проценката кога временските услови ќе бидат најповолни. Тоа останува да се реши на лице место, а пред заминувањето за Англија, Томи беше убеден дека има предиспозиции за остварување на сонот.
„Првиот предуслов, да издржувам во ваков тип на води го исполнувам и доколку го исплонуваш тој услов може да се направат успешни резултати. Јас се решив ова да биде една круна во мојата кариера, што не се заснова само на овој маратон, така што ова е само уште една страница од таа кариера.“
Изјави Стефановски, кој ќе се обиде да стане третиот Македонец, по Нико Нестор пред половина век и Атина Бојаџи пред 40 години,кој го препливал каналот кој е најголем предизвик за сите маратонци во светот. Тој не се сомнева дека е подготвен за такво нешто, а оптимизмот го темели и на резултатите во последниве две години, откако се врати по операциите на рамењата што не му беше пречка да биде рамноправен со светската елита. Потврда за тоа е и петтото место кое го зазема во годинашната Светска гран при серија, што е уште еден адут за препливување на 33-те километри на Ла Манш. Должина која за него не е никаков проблем, но кога станува збор за каналот кој ја поврзува Велика Британија со Европа, тежината е:
„Во постојаните струења, во ветровите, бранови, но се надевам дека ќе имам среќа, дека времето ќе се погоди и дека ќе успеам на крај да стигнам до брегот.“
Додаде Стефановски, кој се надева дека патеката ќе ја мине за 9 часа, иако уверува дека е подготвен и за подолготрајни напори. Инаку, за овој потфат, Стефановски има конкретна подршка само од Агенцијата за млади и спорт. Но, многу повеќе го разочарува фактот што не се најдоа заинтересирани за документирање на овој подвиг, иако многумина ветуваа такво нешто. Сепак, Томи заедно со тимот кој го следи, неговата сопруга Билјана и тренерот Васил Велков во сопствена режија ќе снимат видео материјал, кој ќе остане да сведочи за евентуалниот огромен успех на македонскиот спорт, прв од ваков вид по осамостојувањето.
„Првиот предуслов, да издржувам во ваков тип на води го исполнувам и доколку го исплонуваш тој услов може да се направат успешни резултати. Јас се решив ова да биде една круна во мојата кариера, што не се заснова само на овој маратон, така што ова е само уште една страница од таа кариера.“
Изјави Стефановски, кој ќе се обиде да стане третиот Македонец, по Нико Нестор пред половина век и Атина Бојаџи пред 40 години,
Тежината е во постојаните струења, во ветровите, бранови, но се надевам дека ќе имам среќа, дека времето ќе се погоди и дека ќе успеам на крај да стигнам до брегот