Доцни проектот „Чиста Радика“

Еколошката состојба во општина Маврово-Ростуше, односно коритотот на реката Радика, се повеќе се влошува, бидејќи доцни реализацијата на проектот „Чиста Радика“, поради урбанистички проблеми.
Доцнењето на реализацијата на големиот еколошки проект ,,Чиста Радика,, што го финасира Италјанската Влада и понатаму е причина за влошување на еколошката состојба во општина Маврово - Ростуше . Реката Радика продолжува да се полни со смет, бидејќи со поројните дождови и диви депонии во 17 те селски населби долж Радика завршуваат вонејзините води. Целосната реализација на проектот за кој се инвестирани 6,8 милиони евра, доцни цели 6 години, а како причина се наведуваат одредени нерешени урбанистички активности. Градоначалникот на општината Мукрем Мехмеди вели дека една од причините за нереализирање на проектот ,,Чиста Радика,, е неиздавањето на дозволи за градење од досегашните локални власти заради што онаму каде што се изградени или треба да се градат пречистителни станици нема урбанистички планови.

,,Сметам дека сега со промените во Законот за просторно и урбанистичко планирање, со кој добар дел од ингеренциите на Министерството за Транспорт и врски ги добиваме ние градоначаланиците, постапката ќе се реализира побрзо и издавањето на дозволи ќе се спроведува брзо. Како друга причина од страна на ,,Коперационе Италјана,, и Бирото за рамномерен развој се наведува и неизготвената листа експроппријација, но треба да нагласам дека немам информација дали е наплатено експропријаното земјиште,,
Како друга причина од страна на ,,Коперационе Италјана,, и Бирото за рамномерен развој се наведува и неизготвената листа експроппријација, но треба да нагласам дека немам информација дали е наплатено експропријаното земјиште


подвлекува Мехмеди.
Во една ваква ситуација изградените инфраструктурани објекти пропаѓаат, а последиците врз животната средина се големи.

,,Комплетната реализација на проектот подразбира и донација на контејнери за собирање на сметот и обезбедување на камиони, кои сеуште ги немаме добиено поради доцнењето на проектот . Тие нас ни се потребни за да функционира подобро комуналното јавно претпријатие. Нереализираниот проект е причина за оставање на забот на времето на изградените објекти, кои пропаѓаат,,

подвлекува градоначаланикот на општина Маврово - Ростуше.
Општината очекува да го приврши овој проект со цел да се отвори перспектива во опшитината да се развива туризмот не само сезноски туку и во текот на целата година.Според Мехмеди новата локална власт сака да го промовира регионот како идеална туристичка дестинација каде што е има туртистички активности 12 месеци а не само во текот на зимата. Регионот има реални услови покрај развојот на зимскиот туризам да го развива нискиот, селскиот и манастиурскиот туризам.