Иранскиот опозициски лидер Мир Хосеин Мусави на својата интернет страница пишува дека масовните судења на реформисти и новинари, за постизборните протести им служат само на странските интереси. Тој прашува „Што им служи на странските интереси: Протестите загарантирани со Уставот или шоу-судењето каде децата на револуцијата седат веднаш до омразените лицемери.
Мусави пишува дека условите во иранските затвори покажале дека на земјата и требаат „длабоки промени“.
Друг ирански опозиционер, Мехди Каруби, пак, на својата интернет страница наведува дека некои млади мажи и жени уапсени на протестите, биле силувани во затвор.