Подршка за Меѓународниот Кривичен Суд

Државниот секретар Хилари Клинтон

Прашањето за членство на САД во Хашкиот Меѓународен Кривичен Суд беше едно од најтешките во Вашингтон. Кога во 2002 судот беше воспоставен, тогашниот Претседател Бил Клинтон ја потпиша одлуката, која пак со промената на администрацијата во Белата Куќа не беше одобрена од Конгресот. Администрацијата на Џорџ Буш беше против а аргументите беа тесно поврзани со војната против теророт. Имено, Претседателот Буш сакаше да им даде широка можност на американските војници во светот во притисокот врз терористичките групи. Но времињата се сменија. Државниот секретар Хилари Клинтон за време на говорот во Најрдоби – Кенија изјави.

“За жал факт е дека ние не сме потписник на Меѓународниот Кривичен суд, но ние ја подржуваме неговата работа и ке продолжиме така и во време на администрацијата на Обама”.
Верувам дека ке ја надминеме загриженоста на нашата влада околу членството во Кривичниот Суд

Во Најроби таа изјави и дека верува оти во Вашингтон ке се најде начин за надминување на американската загриженост околу членството во Кривичниот суд.

“Јас верувам дека можеме да се справиме со предизвиците и загриженоста на нашата влада околу членството во Судот”.

И за време на кампањата советниците на Претседателот Барак навестија дека ке се бара досието за случаевите на Судот пред да се донесе евентаулна одлука за членство.Вашингтон веројатно, како што се сугерира ке бара гаранции дека Меѓународниот Кривичен Суд нема да биде пречка за американските операции во светот. Критичарите на Бушовата политика обвинуваа за држење затвореници по инвазијата во Ирак без судски одлуки во затворот во Гвантанамо. Сега во тек е процесот на затворање на овој затвор, но и натаму има стравување дека Судот би станал еден вид проблем за американските операции во светот.