Путин вети 500 милиони долари за Абхазија

Рускиот премиер Владимир Путин вети половина милијарда долари за зајакнување на абхазиската одбрана, за зацврстување на границите на Абхазија и за опремување на руските воени бази во земјата.
Русија ја призна независноста на грузиските сепаратистички области Абхазија и Јужна Осетија, по ланската краткотрајна војна со Грузија. Русија распореди неколку илјади војници во воените бази во двете сепаратистички области.
Путин денеска рече дека Грузија треба да извлече поука од таа војна.