Низа активности за годишнината од Рамковниот Договор

Влада на РМ

Врачување на решенија за работа на 290 државни службеници, отварање на средно училиште во Зајас, изградба на Клиника во Тетово, се дел од активностите за одбележување на осум годишнината од потпишувањето на Рамковниот Договор.
Врачување на решенија за работа на 290 кандидати, промоции на книги, отварање на средно училиште во Зајас, започнување со градба на клиника во Тетово. Ова се само дел од активностите за одбележување на осумгодишнина од потпишување на Охридскиот Рамковен договор. Од Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор велат дека одбележувањето на годишнината ќе ја заокружат со
Доделуваме решенија за работа за 290 кандидати кои се примени врз огласот објавен од Секретаријатот за Рамковен Договор, значи поминати се сите процедури за примање на државни службеници. Денеска во 11часот во Тетово, почнува изградбата на Клиниката во Тетово
прием во Маврово.

„Доделуваме решенија за работа за 290 кандидати кои се примени врз огласот објавен од Секретаријатот за Рамковен Договор, значи поминати се сите процедури за примање на државни службеници. Денеска во 11часот во Тетово, почнува изградбата на Клиниката во Тетово. Испратени се покани до дипломатскиот кор, и потврдено е присуството, потоа државниот врв, министри, лидери од сите политички партии се повикани.“

Вели Мохамед Хоџа, задолжен за односи со јавноста. На приемот се повикани личности од политичкиот и општествениот живот. Досега за одбележувањето на годишнината од Рамковниот договор беше задолжена само ДУИ, кои и не беа директно вклучени во мировните преговори. Единствено само јубилејната пет годишнина беше институционално прославена. Од ДУИ очекуваат на прославата да се појават сите оние кои добиле покана.

„Политичкиот актив на ДУИ ќе биде присутен на таа прослава. Тоа веќе ниту било, ниту е датум кој што треба да го одбележува само една партија, напротив мислам дека сите политички субјекти и тие што ќе добијат покана треба да бидат присутни.“

Вели Рафис Алити. Партиите-потписнички не планираат посебно одбележување на годишнината, тие ќе се влучат во веќе планираните активности на Секретаријатот задолжен за спроведување на Договорот. Охридскиот Договор беше потпишан на 13 август,2001-та а свој потпис ставија лидерите на тогаш најголемите партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДПА и ПДП, како и претставници на НАТО, САД и ЕУ. Договорот му стави крај на неколкумесечнот воружен конфликт.