Активист за човекови права убиен во Чеченија

Руската група за човекови права Меморијал соопшти дека хуманитарната работничка Зарема Садулаева и нејзиниот сопруг кои беа киднапирани се пронајдени мртви во Чеченија. Група вооружени лица вчера ги нападна нивните канцеларии во Грозни, а нивните тела се пронајдени во предградието на главниот град на Чеченија. Садулаева го предводеше Невладиниот сектор за помош на децата од војната во Чеченија. На 15 Јули во Чеченија беше убиена и позната активистка за човекови права Наталија Естемирова.