Всушност овој процес на лустрација се врши бидејќи на нашето општество, а и на сите општества излезени од поранешниот комунистички систем, тој им е потребен, и им е потребно едно прочистување, морално и етички.
Конечно процесот на лустрација ќе почне на први септември како што е најавено, ќе направи ли Комисијата некои подготовки претходно?
Нашите подготовки ориентационо се извршени. Членовите на Комисијата според законот се должни да аплицираат за сертификати, безбедносни сертификати и без нив не е возможно и сите услови да се идеални, без нив неможе да се врши лустрација. Нема никој право да допре до класифицираните информации без тој сертификат. Тој процес е веќе при крај и ние се надеваме дека од први септември ќе може кога ќе почнат да аплицираат категориите напоменати, кога ќе ги пополнат изјавите ние ќе почнеме со нивната лустрација. Во меѓувреме тече и само лустрацијата на членовите на комисијата, согласно законот.
Како ќе биде организирана работата на Комисијата?
Се знае дека Комисијата во својата работа мора да соработува со органите како ДБК, Државниот архив, службата за разузнавање при АРМ. Од нив бараме информации за соработка или не соработка со органите. Значи одкога ќе ги добиеме тие информации, кога ќе ги имаме повратните информации, кога ќе ги имаме досиеата, народно кажано, тогаш ќе одучуваме по нив. Од септември почнуваат да пристигаат изјавите на четирите категории кои што се наведени во огласот во медиумите, а рокот за поднесување на тие изјави е еден месец. Можеби тие ќе стигнат и првиот ден, а нашата работа е да почнеме со лустрацијата.
Кој се ќе потпадне под лустрација? Да потсетиме уште еднаш кои категории, колку се лица очекувате дека ќе поминат низ процесот?
Во самиот закон е наведено точно, значи има 29 категории вршители на јавни функции кои што подпаѓаат под законот за лустрација. Но, во првиот налет ние побаравме поради нашата техничка неопременост да почнеме со четирите категории, а подоцна да продоложиме со останатите категории. Тука спаѓаат претседателот на државата, на Собранието, министрите, пратениците и градоначалниците.
Какви се вашите очекувања во врска со процесот на лустрација бидејќи имаше отпор во врска со него. Очекувате ли дека после него ќе свртиме ,,нова страница“?
Всушност овој процес се врши бидејќи на нашето општество, а и на сите општества излезени од поранешниот комунистички систем, тој им е потребен, и им е потребно едно прочистување, морално и етички. Јас мислам дека овој процес кај нас доцни многу, тој требаше да започне уште од осамостојувањето на Македонија и верувам дека ќе помогне во ,,прочистувањето“ на македонското општество.
Сметате ли дека докрај независно ќе може да ја извршувате својата работа како Комисија, очекувате ли некакви притисоци?
За тие притисоци, за независноста на Комисија се зборува уште од самиот почеток. Значи се поставуваат сомнежи. Меѓутоа Комисијата бидејќи е независна очекувам дека ќе одлучува независно, бидејќи доколку не биде така има и санкции. Значи предвидено е за луѓето кои што ги кријат информациите, а меѓудругото тоа се однесува и на членовите на Комисијата, постојат санкции, казни затвор, па сега ако некој е подготвен да ризикува и крие информации, тоа...
Ве плаши ли дека целиот процес може да биде исполитизиран?
Во Македонија се е политика и меѓутоа кај нас не се политизира само процесот на лустрација туку се и сешто. Јас мислам дека Комисијата ќе успее да остане имуна, е сега друга работа е доколу партиите или одредени лица се бават со тој проблем во јавноста, тоа е нивната работа, меѓутоа тие во никој случај не би требало да имаат влијание во работата на Комисијата.
Како ќе се браните вие доколку почнат политичките партии на некој начин да се инволвираат и да го злоупотребуваат целиот процес?
Јас ќе се бранам јавно, а секогаш постои за чесен човек да излезе пред јавноста, да си поднесе оставка и да каже дека пораци притисоците неможе да ја работи оваа работа. Но, тоа е последната инстанца која може секој член на Комисијата да ја направи, но јас искрено верувам дека такви притисоци нема да има и дека доколку ги има ќе умееме да ги изменаџираме добро и да се одбраниме од нив.
Имаше дилеми околу тоа дека процесот на лустрација ги ограничува човековите права и слободи. Какво е вашето мислење?
Кога се работи за доменот на човековите права имам многу либерални сваќања, меѓутоа законот е токму и во таа функција. Знате луѓето кои што се огрешиле и кои што си припишувале придобивки и напредувале во кариерата, а кон некого вршеле неправда... Значи ние многу малку зборуваме колку се ,,газени“ човековите права на жртвите и според мене тоа е најболниот проблем во ова прашање што го поставите.
Очекувате ли некакви непријатности во процесот на работа?
Непријатностите се очекувани, мислам дека да. Меѓутоа во моментот кога секој член на Комисијата одлучил да се занимава со оваа работа, требал да расчисти со самиот себе си и се надевам дека и тука ќе создадеме некаков одбрамбен ѕид од тие непријатности.
Очекувате ли дека лустрацијата би можела да падне на Уставен суд?
Не очекувам, бидејќи тоа е процес кој што Македонија мора да го завриши и неверувам дека некој така лесно ќе ја земе одговорноста врз себе да го урне целиот процес на лустрација. Меѓутоа сепак тоа е одлука на судот, јас не прејудицирам, факт е дека јас не верувам, а тоа незначи дека неможе да падне законот, тоа е можно ние од Уставниот суд сме виделе случаи кога турнале цели закони, може и тоа да се очекува меѓутоа искрено јас не верувам.