Убиен најбараниот индонезиски терорист?

Индонезиските безбедносни сили ги нападнаа осомничените исламистички милитанти и со тоа ја завршија 16-часовната опсада. Локалните медиуми објавија дека меѓу тројцата убиени во нападот бил и најбараниот индонезиски терорист Нурдин Мохамад Топ, но полицијата не го потврдила тоа. Нурдин, кој е роден во Малезија, е обвинет за неколку напади во Индонезија од 2003 година, во кои загинаа околу 50 луѓе. Тој се смета за одговорен и за минатомесечните самоубиствени напади во Џакарта.