Колумбија испраќа војници во Авганистан

Колумбија соопшти дека ќе испрати 84 пешадиски војници во Авганистан, да им се придружат на меѓународните сили предводени од НАТО. Колумбиските војници ќе бидат под шпанска команда.
Колумбиските власти соопштуваат дека војниците ќе се грижат за безбедноста на шпанските бази и дека колумбиското учество во меѓународната мисија во Авганистан, во иднина, може да се зголемува.
Шпанските власти велат дека војниците ќе пристигнат во Авганистан во две групи. Првите 42 војници ќе стигнат во 2010, а останатите во 2011 година.
Шпанија, во моментов, има 780 војници во Авганистан.