Американски и пакистански претставници ги испитуваат извештаите за тоа дали лидерот на пакистанските талибанци Бејтула Мехсуд бил убиен во американски ракетен напад во Јужен Вазиристан. Претходно, пакистанскиот министер за внатрешни работи Рехман Малик изјави дека веројатно Мехсуд веројатно бил убиен, но оти извештаите не биле потврдени. Доколку се потврди неговата смрт, тогаш тоа ќе биде голем успех во борбата против талибанците Ал Каида во Пакистан. Милитантите на Мехсуд изведоа серија самобиствени напади, а Соединетите држави издадоа потерница со награда од 5 милиони долари за информација која ќе помогне за негово апсење или убивање.