Претседателите на Соединетите држави и на Русија Барак Обама и Дмитриј Медведев се согласиле дека е неопходно да се намалат тензиите во Грузија, соопшти Белата Куќа по синоќешниот телефонски разговор меѓу двајцата претседатели. Медведев, како што се додава, му телефонирал на Обама за да му го честита неговиот 48 роденден.