Фуере: Прерано е да се зборува за шансите за добивање датум за преговори

Евроамбасадорот Ерван Фуере смета дека е прерано да се даде оценка за шансите на Македонија да добие датум за почеток на преговорите за членство во Европската унија.
Коментирајќи ги грчките закани за вето, Фуере рече дека оценката на Европската комисија единствено зависи од исполнувањето на одредниците, но оти, сепак, политичката одлуката за тоа ја носи Светот на ЕУ.