Махмуд Ахмадинеџад в среда го почнува вториот мандат како претседател на Иран. Врховниот верски лидер Ајатолах Али Хаменеи денеска и официјално го потврди Ахмадинеџад за победник на изборите одржани на 12 јуни. Неговиот реизбор, предизвика протести на илјадници иранци кои сметаа дека изборните резултати биле наместени. Во текот на викендот над сто реформисти и активисти беа изведени на суд поради учество на протестите.