Американската армија соопшти дека тројца нивни војници загинале денеска во два одделни бомбашки напади во јужен Авганистан. Француската армија, пак, соопшти дека еден француски војник бил убиен, а двајца се ранети за време на судирите со бунтовниците, северно од престолнината Кабул. Повеќе од 70 странски војници загинаа во Авганистан во јули. Поголемиот дел од нив се Американци.