Русија и се закани на Грузија со употреба на воена сила

Русија соопшти дека го задржува правото да употреби сила ако Грузија, како што вели Русија, продолжи со провокациите на Кавказот. Предупредувањето доаѓа од рускиот министер за одбрана, една недела пред годишнината од краткотрајната руско-грузиска војна. Во изјавата, тој ја обвинува Грузија дека во неколку наврати во последните неколку дена испукала гранати врз главниот град на сепаратистичкиот регион Јужна Осетија. Русија ја признава Јужна Осетија како независна држава.