Ирачката полиција соопшти дека во денешната експлозија на автомобил бомба во Багдад загинале најмалку 20 луѓе. Автомобилот експлодирал во близина на една шиитска џамија во Багдад. Агенциите јавуваат дека истовремено дошло и до уште две експлозии во градот при што загинале четири лица, а десетина други биле повредени.