Пари однадвор за излез од кризата

Влада на Република Македонија

Според министерот за економија Фатмир Бесими во овој период правилен пристап е носење дополнителни средства во економијата однадвор. Опозицијата предупредува дека кредитите треба да се трошат за развојни проекти, а не за тековните расходи на Владата
Во последните неколку месеци од кога е започната кризата Македонија се задолжи по пат на евро обврзница како и од Европската инвестициска банка во висина од 100 милиони евра за кредитирање на стопанството односно за подршка на малите и средните претпријатија за подигнување поефтини кредити. Долку се оцени дека има потреба има можност да се искористат и 70 милиони евра од

,,Задолжување, носење дополнителни средства во економијата однадвор во овој период е правилниот пристап. Како тоа ќе се одрази, со каква цена е задолжувањето, тоа е друго прашање. Сега, главниот приоритет е како да се овозможи во нашата економија да обезбедиме дополнителни финансиски средства за поддржување на инфраструктурата, за тоа во иднина да може да се користи за создавање подобра бизнис клима.
нашата квота во ММФ и евентулно други можности кои стојат како опции. Министерот за економија Фатмир Бесими во интервју за Радио Слободна Европа што ќе се емитува во недела вели дека во овој период кога се соочуваме со економска ситуација каде е неопходно да имаме дополнително финансирање, финансирањето однадвор е еден од подобрите начини отколку финансирање од постојните фондови односно од финансии што се во домашната економија:

,,Задолжување, носење дополнителни средства во економијата однадвор во овој период е правилниот пристап. Како тоа ќе се одрази, со каква цена е задолжувањето, тоа е друго прашање. Сега, главниот приоритет е како да се овозможи во нашата економија да обезбедиме дополнителни финансиски средства за поддржување на инфраструктурата, за тоа во иднина да може да се користи за создавање подобра бизнис клима."

Претходното задолжување по пат на евро обврзницата според уверуавњето на владата помогна да се врати нивото на девизните резерви на стабилно ниво, коешто испраќа сигнал дека нема потреба од загриженост за стабилноста на девизниот курс. Финансирањето на домашната потрошувачка однадвор опозицијата ја смета за ризична посочуавјки дека владата се задолжува за покривање на тековните расходи а не за проекти коие ке донесат предуслови за развој .
,,Ако веќе се задолжуваме добро е да се задолжуваме за проекти кои ќе донесат во иднина развој за државата. Задолжувањето со евро обврзницата е лошо и не е добро испланирано поради високата каматна стапка што ќе се плати околу 60 милиони евра,"

вели Марјан Николов од СДСМ
Интенција на владата е тековните расходи, за плати, за пензии и слично да се покриваат со тековните приходи, а средствата од евро обврзницата да се користат за девизни резерви, за стабилност на курсот и за инфраструктурни проекти. Според Николов ризиците од задолжувањето зависат од тоа за што ке се употребат парите, но во наредните години предвидува од буџетот да се намали делот што може да се троши за продуктивни расходи:

,,Сите задолжувања, кога ќе дојде време за отплата нивна, значи долгорочно ја намалуваат можноста за развој на Република Македонија, затоа што пари ќе треба да се вратат за камати, а тоа не е добро, затоа што кредитите не се за развојни проекти."

Владата гради оптимизам дека Македонија со предвремената отплата на долгот во претходните добри економски години, си создаде простор да си дозволи сега да се задолжува без да го загрози вкупното ниво на надворешен долг на земјата. Во државата сеуште не е дефиниран релен биџет во смисла на буџет кој е прилагоден на условите на кризата и со скратени расходи за да се види дали ке имаме потреба од задолжување или не, вели Николов. Пореална слика треба да имаме со ребалансот кој се предвидува на крајот од август.