Оружје и куршуми на семејните веселби

Изминатиов месец повредени се пет луѓе од залутан куршум испукан на семејна веселба. Пукањето на свадби и други веселби во Македонија станува традиција, а според експертите мора да се работи на едукација на населението за сузбивање на оваа појава.
Со неколку истрели во воздух младоженецот се најави дека дојде да ја земе невестата. Пукањето на свадби и разни веселби се честа и традиционална па дури нормала појава во последниве десет години велат социолозите. Само во изминатиов месец повредени се пет луѓе од залутан куршум на веселба. Пукањето по веселби се дели на две сезони, летна - кога се прават многу свадби и втората сезона се новогодишните празници и слави велат од невладината организација „Цивил“.
Една охрабреност, една окураженост да се користи оружјето буквално за се па нека биде и за веселба


,,Многу оружје, а исто така е индикатор дека има многу нелегално оружје.“

Вели Џабир Дерала од невладината „Цивил“.
Едукацијата на населението, подигнување на свеста за последиците од таквите постапки, нова акција за собирање на нелегалното оружје. Со овие мерки Дерала смета дека постои шанса ваквата појава да се намали. Причина за ваквото однесување на славење Дерала ја бара во тоа што оружјете стана дел од културата на живеењето.

„Една охрабреност, една окураженост да се користи оружјето буквално за се па нека биде и за веселба. Една манифестација за тоа дека, јас сум тој мажествениот овде и мене никој ништо не ми може.“

Социологот Хисен Јашари проблемот го гледа во системот.
Сите кои што прославуваат на овој начин, да сватат дека испуканиот куршум некаде мора да падне и дека никој од приустните таму или жртвите кои што не се присутни на тие настани, не сакаат да бидат мета


„Ако на пример во едно село има 15 полицајци, а луѓето пукаат на свадби, на семејни настани и никој не е казнет, значи дека тие не ја вршат својата работа.“

Од министерството за внатрешни работи велат дека ги преземааат симе мерки и активности за санкционирање на незаконското пукање на веселби, но освен и агресивното гонење на прекршителот потребни се и превентивни мерки, смета потпаролот на МВР Иво Котевски.

„Сите кои што прославуваат на овој начин, да сватат дека испуканиот куршум некаде мора да падне и дека никој од приустните таму или жртвите кои што не се присутни на тие настани, не сакаат да бидат мета. Токму затоа треба да му се каже не на оружјето.“

31 случај се регистрирани на прекршување на јавен ред и мир со пукање на свадби.