Американскиот Стејт Департмент изрази вознемиреност од извештаите дека иранските безбедносни сили го прекинале собирот и одржувањето комеморација за убиените во пост-изборните насилства. Неколку стотици луѓе се собраа околу гробот на Неда, која беше убиена во минатиот месец на протестите против реизборот на претседателот Махмуд Ахмадинеџат.