Продолжуваат судирите во иранскиот камп во Ирак

Два дена траат судирите меѓу ирачките сили и припадници на една иранска опозициона организација чиј камп се наоѓа во северен Ирак. Во нив досега загинале седум луѓе. Во кампот на Народната муџахединска организација на Иран, лоциран во ирачката провинција Дијала има околу три ипол илјади поранешни ирански борци и членови на нивните семејства. Вашингтон кој смета дека оваа организација е терористичка побара воздржаност, додека Техеран му заблагодари на Багдад за интервенцијата во кампот.