Тунижанец побегнал од босански затвор

Повеќепати осудениот Тунижанец Карај Камел бин Али, во Босна попознат како Абу Хамза, побегна од затворот во Зеница, јави федералната телевизија на Босна и Херцеговина. Од затворот ја потврдија информацијата. Абу Хамза издржува затворска казна од три години и 10 месеци поради разбојништва, закани до обвинителот и насилство во семејството, откако претходно одлежа седум години во затвор поради убиство.