Шлаканица за женската кошарка во Македонија

Скопје

Македонската женска кошаркарска репрезентација мораше да ги откаже меѓународните настапи. Причината трагикомична и болна - немаме ниту пет сениорки кои би играле на тие средби
Кам - бекот на македонската женска кошаркарска репрезентација на меѓународната сцена не траеше ниту една година. По две победи и исто толку порази и непосредно пред одигрувањето на вторите дуели со Естонија, Луксембург, Португалија и Шведска, нашата
Шлаканица која ја примивме сите, којашто многумина треба да ги разбуди дека немаме женска кошарка, иако имаме луѓе кои имаат огромна желба да бидат вклучени во некакви репрезентативни кампови, стручни штабови, не знам што, но ние во моментов ниту сме способни да одржуваме такво нешто, а она што е најважно и кошаркарки немаме
кошаркарска федерација го повлече националниот тим од квалификациите за ЕП Б дивизија. Причината трагикомична - откако неколку репрезентативки решија да ја завршат кариерата, а други се на студии во САД, немаме ниту пет сениорки кои би играле на тие средби. Болна вистина, која е резултат на повеќегодишното живуркање на сениорската лига, каде што играат младинки и јуниорки. Факт со кој, според генералниот секретар на македонската куќа на кошарката - Дејан Лекиќ, многумина од разни лични причини долго не сакаа да се соочат, поради што и ни се случи оваа...

„Шлаканица која ја примивме сите, којашто многумина треба да ги разбуди дека немаме женска кошарка, иако имаме луѓе кои имаат огромна желба да бидат вклучени во некакви репрезентативни кампови, стручни штабови, не знам што, но ние во моментов ниту сме способни да одржуваме такво нешто, а она што е најважно и кошаркарки немаме.“

изјави првиот оперативец на македонската кошаркарска федерација, која, од ФИБА заработи парична казна од 30.000 евра. Нов удар, кој, сепак, може да е добредојден за конечно поставување на работите на свое место, односно тргнување од нула. Според Лекиќ, Федерацијата е подготвена за тоа и веќе има програма која предвидува вклучување на поранешни репрезентативки за работа со децата на собирни кампови. Во план е и формирање на регионални центри, а оние кои ќе решат да се вклучат во женската кошарка ќе добијат повластени услови за стипендија и студирање на Универзитетите.

„Потоа можеби ќе направиме еден клуб репрезентација. Нема да биде чудно да ја расоуштиме женската лига, а најталентираните да ги собереме во клуб под капа на федерацијата. Да бидат ангажирани професионални тренери. Немаме друг излезе. Единствено да се посветиме на најмладите за да не ги загубиме и нив.“

додаде Лекиќ. Тој верува дека овој план ќе даде резултат за најмалку 4 години, по што посериозно би се размислувало и за наша организација на сениорско женско ЕП. Голем потфат, за чија реализација, според генералниот секретар на ФИБА, Нар Занолин македонската куќа на кошарката има капацитет и инфраструктура. Само уште да комплетира екипа со која Македонија и би играла на тој шампионат.