Полицијата во Киргистан ги растера демонстрантите во Бишкек

Полицијата во Киргистан уапсила повеќемина подржувачи на опозицијата кои се собраа денеска во Бишкек на протести против исходот од минатонеделните претседателски избори. Победи актуелниот претседател Курманбек Бакиев, но опозицијата тврди дека изборите не биле регуларни, а слична оценка искажаа и посматрачите на ОБСЕ.