Специјалниот пратеник на Соединетите Држави за блискиот исток Џорџ Мичел изјави дека со изралексиот премиер Бенјамин Нетанјаху постигнал „добар напредок“ во разговорите за израелско – палестинскиот конфликт. Денешниот состанок меѓу Мичел и Нетанјаху е дел од напорите на САД за рестартирање на мировните преговори меѓу палестинците и Израел.