Собранието на Република Македонија денеска ќа ја одржи 68-та седница на чиј дневен ред меѓу другото се наоѓа и Предлогот за изменување и дополнување на законот за работни односи, Предлогот за измени на законот за медијација, а ќе се најдат и неколку закони со европско знаменце. Меѓу нив, Предлогот за измени и дополнувања на кривичниот законик, законот за превоз во патниот сообраќај и законот за јавните патишта.