Конечен збор за името, на референдум, изјави Иванов за "Блиц"

Македонија, во спорот со Грција за името настојува да биде постигнат компромис, но нема да прифати решение што ќе го навредува достоинството на македонските граѓани, изјави претседателот Ѓорѓе Иванов во интервју за српскиот весник Блиц. Тој додава дека конечниот збор за евентуалниот компромис, ќе ги имаат граѓаните на Македонија.