Бан Ки Мун во Кина на разговори за климатските промени

Генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун денеска ја започнува 4-дневната посета на Кина. Фокусот на разговорите со кинескиот државен врв ќе биде ставен врз глобалното затоплување. Бан Ки Мун оцени дека подршката од Кина е клучна за постигнување меѓународен договор во врска со климатските промени. Кина и Соединетите Држави се наголемите загадувачи на атмосферата.