Карл Билд во посета на Авганистан

Шведскиот министер за надворешни работи Крал Билд, како претседавач со Европската Унија, допатува во посета на Авганистан. Како што е соопштено, целта на посетата е да утврди на кој начин Унијата може да ја зголеми помошта за Авганистан. Билт покрај разговорите со авганистанските официјални претставници, ќе има средба и со посматрачите на Европската Унија кои ќе ги следат претседателските избори во наредниот месец.