Викендов тропски горештини

За викендов се најавуваат тропски горештини над 40-тиот степен. Лекарите препорачуваат внимателност, повеќе течности, носење на светла облека и да се избегнува излегување во периодот кога е најжешко.
Долго топло летo, а сонце како жар. Дневни температури кои го надминуваат и 40-от степен. Метеоролозите за престојниот викенд најавуваат тропски горештини и големо зрачаење на ултравиолетовите зраци. Луѓето велат дека се снаоѓаат како знаат и умеат. А лекарите препорачуваат да не се излегува од дома во периодот кога е најжешко, да се пијат повеќе течности и да се носи светла облека. И од министерството за здраство излегоа со соопштение со кое ја повикуваат јавноста да ги почитува основните препорачи за намалување на ризиците врз здравјето. Но, и покрај препораките да не се излегува кога е најжешко, градот преку ден е преполн со луѓе. Тие велат дека имаат работа и затоа се надвор. Но, се заштитуваат кој со капа, кој со чадор, некои со ладало, а има и такви кои фатиле дебела ладовина и уживаат во летото.

„Ако продолжи вака тенденцијата на пораст на температурите сигурно дека ќе треба нешто да се преземе барем како што беше минатата година, на автобуските станци кога беше жешко нели се делеше вода.“

,,Се заштитуваме некако“

,,Не треба да се излегува кога е жешко, освен ако мора да се излегува“

Препораките на лекарите осбено важат за хронично болните. За нив важи правилото редовно да ја земаат пропишаната терапија, а ако имаат проблеми да се јават на лекар.

„И доколку се придржуваат нема некое значајно зголемување на компликации или нови заболени или смртни случаи. Сепак луѓето си се научени да се грижат малку за себе.“

Објаснува кардиологот Владимир Борозанов. Граѓаните освен на своето здравје, треба да внимаваат да не предизвикаат пожари. Тие треба да внимаваат при посета на градски паркови и шуми, да не користат запаливи материи и да не фрлаат догорчиња или неизгаснати цигари бидејќи може да предизвикаат пожар, велат од Центарот за управување со кризи.