Американскиот потпретседател Џо Бајден денеска во Тбилиси разговараше со претседателот на Грузија Михаел Саакашвили, кој истакна дека и покрај тоа што земјата е под делумна окупација, постои решеност за приклучување кон слободниот свет, кон НАТО. Бајден, кој уште еднаш ја искажа американската подршка за Грузија, ќе има и обраќање во Парламентот, а предвидени се средби со претставници на опозицијата, која го обвинува Саакашвили за авторитарно владеење.