Новиот грип опасност и за аџиите

Арапските министри за здравство се согласиле да го ограничат одењето на аџилак во Саудиска Арабија за старците, децата и болните, поради можноста од ширење на вирусот на новиот грип. Светската здравствена организација информира дека ваквата одлука на министрите, треба да биде одобрена и од владите на арапските земји.