Обама: Ќе се повлечеме од Ирак до крајот на 2011 година

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека САД, и покрај насилствата во Ирак, ќе ги повлечат своите војници од земјата, до крајот на 2011 година. Обама вчера, за првпат се сретна со ирачкиот премиер Ал-Малиќи во Белата куќа во Вашингтон, по средбата што во април ја имаа во Ирак. Обама оцени дека постои добра соработка помеѓу американските и ирачките сили и дека се охрабрени од напредокот кој е постигнат во Ирак.