Двосменско работење на Одделението за издавање лични документи ги намали редиците во кумановската полиција. Работењето во две смени ќе функционира до 31 август.
Намален број на граѓани во редици, се помалку турканици, нервоза и вербални конфликти помеѓу граѓаните и шалтерските работници во Одделението за издавање патни исправи и лични документи во кумановскиот Сектор за внатрешни работи. Ова е резултат на пред еден месец воведеното двосменско работење. Началникот на СВР КУманово Љубомир Ѓурчески вели дека оваа одлука е донесена во интерес на граѓаните, но и во интерес на вработените и нивната ефикасност во работата. Оние што работат за добивање лични документи можат да аплицираат и по нивното работно време, а оние што доаѓаат од странство нема да губат многу време од нивниот годишен одмор.
,,И по 17 часот граѓаните ќе можат да дојдат, да аплицираат, да добијат потребна програма за фотографирање, да ја извадат патната исправа, а при тоа да не губат од работното време. Добро е граѓаните тоа да го практикуваат по 16,30 часот кога нема турканици и редици.“
Оваа одлука ќе се применува до 31 август кога се и годишните одмори.
,,Тогаш е и најголем прилив и најмногу граѓаните тогаш доаѓаат да извадат патни исправи,изводи од матични,лични карти и други документи.“
Откако се применува двосменското работење Ѓурчески вели дека нема поплаки, за разлика од предходниот период.
,,До пред тоа имавме кога се создаваа гужви,редици,чекања, кои оздаваа дополнителна нервоза кај граѓаните.“
А граѓаните пак малку информирани за оваа новина,велат:
,,Извадив извод за новороденче. Пред два дена поднесов барање и сега го добив. Турканици немаше. Можеби повеќе има кај што се вадат пасоши.“
,,Знаат ли за двосменското работење?
Не! Не знам. Дојдов од Германија.“
Поради либерализираниот визен режим се очекува зголемување на барањата за биометриски пасоши, за што началникот Ѓурчески вели:
,,Најверојатно потреба за биметриски пасоши ќе потрае подолго време, двосменското работење може да биде пролонгирано,за да им излеземе во пресрет на граѓаните.“
Смета Ѓурчески.
И по 17 часот граѓаните ќе можат да дојдат, да аплицираат, да добијат потребна програма за фотографирање, да ја извадат патната исправа, а при тоа да не губат од работното време. Добро е граѓаните тоа да го практикуваат по 16,30 часот кога нема турканици и редици