Чарлс Тејлор негира учество во бунтот во Сиера Леоне

Поранешниот либериски претседател Чарлс Тејлор пред Меѓународниот суд во Хаг негираше дека имал каква било улога во формирањето на бунтовничките сили во Сиера Леоне, кои ја окупираа таа африканска земја во 1991 година.
„Никогаш не сум бил вмешан во тоа. Тоа е лага.“, рече Тејлор на судењето. Тој е обвинет за злосторства против човештвото, за воени злосторства и за кршење на хуманитарното право. Тејлор е првиот африкански лидер обвинет пред некој меѓународен суд за воени злосторства.