Ребаланс на буџетот во општина Прилеп

Прилеп

Кризата и намалениот прилив на пари во општинската каса е причина за ребалансот на буџетот на општина Прилеп, што веќе го усвоија советниците на последната седница.
Кризата, намалениот прилив на пари во општинската каса е причина за ребалансот на буџетот на прилепската локална самоуправа, што веќе го усвоија советниците на последната седница. Изминатите пет месеци се инкасирани 135 или седум милиони денари помалку во споредба со истиот период минатата година, кога бил евидентиран прилив од 142 милиони денари. Прифатливо решение за локалната самоуправа во оваа ситуација е ребаланс од околу 400-тини илјади евра.

,,Ставката комуналии се ребалансира за износ од околу десет милиони денари. Надоместоците од комунална дејност се ребалансираат за десет милиони денари, кај неданочните приходи ребалансираме околу три милиони денари, и приходот од продажба на градежно земјиште го ребалансираме за околу два милиони денари.“

Истакнува Драган Звездаковски, раководител на секотрот за финансирање и буџет во општина Прилеп, кој додава:

,,Мислиме дека вака проектираниот ребаланс на буџетот, би бил остварлив и реален до крајот на годината. Доколку има потреба ќе размислуваме за нов ребаланс.“

Вели Звездаковски. Со оглед на актуелните кризни состојби, како што истакнува, ќе биде одложено зголемувањто на платите на локалната администрација.

,,Предвиденото зголемување на платите и планираното пополнување на општинската администрација со нови вработувања, што нема да се остварат во текот на оваа година, носат заштеда на буџетот од осум милиони денари.“

Информираат од секторот за финансии и буџет во општина Прилеп.